Го камшикувала детето бидејќи не знаело да раскаже приказна

 

Жена од Кина камшикувала дете со гумено јаже затоа што не знаело да ја прераскажа приказната за Пинокио. Го удирала по грбот, рацете, нозете и стомакот, а момчето сега има огромен број крвави расекотини. Таа инаку била негов старател, роднина на неговата мајка, која го пратила кај неа за да има подобар живот.

Според информациите, таа го тепала и со метални цевки.

Случајот и фотографиите од малтретираното дете ја запалиле јавноста во Кина, а старателката која му ги нанела овие повреди на момчето е уапсена и против неа е спроведена истрага.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа