На симпатизерите на СДСМ ќе им стане јасно дека биле изманипулирани да поверуваат во креирани материјали

 

ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која од 2006 година до денеска работи според прогарама, тоа што е запишано, за нас е обврска, ветување врз основа на кое сме добиле доверба и сакаме да го оствариме. Целта ни е едноставна подобар живот за граѓаните на Република Македонија и поголема отчетност на секој политичар и врз основа на тоа да се натпреваруваме со сите политички партии.

Ова од трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Виница го порача пратеникот Антонио Милошоски, кој потенцираше дека само на таков начин може да се изгради подобра држава и подобри услови за живеење и за сегашните и за идните генерации.

-ВМРО-ДПМНЕ порачува и до другите политички партии и граѓани дека за многу брзо време, особено откако ќе се отпочне судскиот процес, каде што органите, судот, странките, адвокатите и сите други ќе имаат можност да изнесат факти и аргументи врз основа на кои овие дела или недела коишто се случуваат денес биле креирани. Многу луѓе и што се блиски до СДСМ или симпатизери самите ќе станат свесни и ќе им стане нелагодно што биле заведени или изманипулирани да поверуваат во нешто што е креирано. Самите ќе видат дека дел од оваа игра не е под контрола и не е во рацете на Зоран Заев, тој е само еден инструмент којшто својата желба за власт и својот личен профил на човек којшто бил аболициран бил најпогоден да биде искористен или злоупотребен, и свесно вклучен во тоа, да ја направи оваа штета на државата. Нека му служи на чест, рече Милошоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го следи принципот, без разлика дали некој е претседател на опозиција, функционер, пратеник или градоначалник, секој да одговара пред законот. Така, рече тој, и Заев треба да одговара пред законот и преавосудните органи за законите и членовите што ги прекршил.

-Нема да правиме трговија со некој што и прави штета на државата, затоа што правејќи штета на државата им прави штета на сите граѓани, порача Милошоски од трибината во Виница, кој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е  политички подготвено за дијалог, дека се присутни во собранието и ги очекуваат СДСМ да си ги завземат доверените места од граѓаните и да понудат политичка алтернатива, истакна тој пред граѓаните на Виница.

Според, Милошоски, случајот „Пуч“ мора да има правна разрешница.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега