„Најубаво велигденско јајце“ во општина Гази Баба

По повод големиот христијански празник Велигден, општина Гази Баба во соработка со основните училишта и градинките, во спортската сала „М.А. Ченто“ одржа манифестација „Најубаво велигденско јајце“.

На манифестацијата учествуваа деца од градинките и ученици од сите основни училишта од општината, каде ја покажаа својата креативност, изработувајќи декорирани велигденски јајца.

- Целта е да ја продолжиме нашата традиција, пред овој голем празник Велигден, во домашни услови да се украсуваат јајцата, а и да се направи едно заедничко дружење помеѓу учениците од основните училишта и децата од градинките, истакна градоначалникот Тони Трајковски, кој ја отвори манифестацијата.

За сите училишта и градинки, општината обезбеди материјали за изработка и декорација на јајцата и симболични награди.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски денеска го посети и Центарот за стари лица во Маџари, каде се одржа Велигденски хепенинг, подготвен од корисниците на Центарот, Црвениот крст на Гази Баба и социјалниот работник. 

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега