Монструозно: Мајка си го фрлила бебето старо два дена во одводна цевка
Бебе старо два дена е спасено од одводна цевка во станбен блок во близина на шпанскиот град Аликанте.
Бебето малку потешко од два килограми било во пластична кеса на која имало дупка за да дише. Детето во одводната цевка поминало 40 часови. Тоа е одведено во болница и покрај другите повреди има и скршена рака.
Мајката на напуштеното бебе е уапсена. Се работи за 26-годишна девојка која признала дека го ставила бебето во одводна цевка тврдејќи дека немала доволно пари за абортус.
Ова е втор ваков случај кој ја потресува јавноста, откако пред еден месец бебе од Кина беше фрлено од страна на својата мајка во канализација.