Повеќе од 800 педофили слободно шетаат низ грчките улици

Повеќе од 800 педофили се на слобода во Грција поради дупките во законот, објави весникот „Прото тема“.

Според официјалните полициски податоци од 2003 година до денес во околу 7.500 случаи обвинети се 823 лица, од кои 274 се уапсени, а за другите 558 се води судски процес. Само 42 од мажите се задржани во притвор, а уште помал е бројот на тие што отслужуваат затворска казна.

 60 проценти од педофилите напаѓаат момчиња на возраст од седум до 16 години а 40 отсто - девојчиња на возраст од осум до 15 години.

најчитано сега