Честитка од Вељаноски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по повод 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите упати честитка упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Македонија.
- Одбележувањето на Меѓународниот ден на ромите во Република Македонија е потврда за почитувањето на ромската етничка заедница и нејзината автентична култура. Меѓусебното разбирање и почитување на културните особености се дел од нашата држава и наша одлика за активно интегрирање на сите етнички заедници. Во таа насока, можам да потенцирам дека Република Македонија е една од неколкуте држави која посветено е насочена во подобрувањето на социо-економскиот статус на ромите. Со задоволство сакам да истакнам дека ромската заедница, како и нејзини поединци, имаат дадено голем придонес во равојот на Република Македонија во сите сегменти на општественото живеење, вели Вељаноски во честитка.
Убеден сум, вели претседателот на македонското Собрание, дека сите имаме заедничка определба да работиме заедно кон изградба на модерна и просперитетна Република Македонија во која ќе се промовира не дискриминација и ќе се овозможува еднаквост за сите граѓани. Со тоа, додава тој, сите ние ќе бидеме сигурни дека чекориме по вистинскиот пат на реализација на нашите европски и евроатлантски интеграции и сигурна иднина за генерациите што ќе следат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа