57 гулаби за роденденот на Борис Трајковски

 

Утре, Општина Бутел ќе ја одржи осмата манифестација „Спомени за Борис Трајковски 2013“, по повод 57 годишнината од раѓањето вториот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Предвидено е во 10 часот во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел да се положи свежо цвеќе, а потоа да бидат разлетани 57 гулаби.

Во 11 часот, во големата сала на oпштина Бутел ќе биде одржана пригодна свеченост на која за прв пат ќе бидат прочитани поетските творби на основците, посветени на Трајковски и Република Македонија.

Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски ќе се обрати пред присутните.

најчитано сега