Испратен авион за преживеаните во автобуската несреќа во Црна Гора

 

 

Романските власти утрово испратија авион со кој ќе бидат вратени преживеаните романски државјани од вчерашната сообраќајна несреќа во Црна Гора.

Романскиот министер за одбрана Мирчеа Душа изјави дека авионот рано утрово полетал од Букурешт за Подгорица.

Несреќата се случи вчера кога автобус со романски регистарски таблички падна во провалија на магистралниот пат Подговрица-Колашин, во близина на манастирот Морача.

 

Според последните податоци 16 лица загинаа, а 30 се тешко повредени.

ФОТО: Вјести.ме

најчитано сега