Уште утре на работа - ќе уживаме во продолжен викенд
Уште утре ќе работиме, а потоа ќе уживаме во долг продолжен викенд. Петок и понеделник, 13 април, вториот ден Велигден поред Православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Ова го соопштија од Министерството за труд и социјална политика, и воедно на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честитаат големиот христијански празник Велигден.
Оцени ја веста
08.04.2015 - 10:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа