Десет години соработка Македонија-Долна Нормандија

 

Долна Нормандија денеска  и утре во Кан е домаќин на македонска делегација, каде се одбележува десет годишнината од соработката меѓу овај француски регион и Република Македонија, јавува специјалниот известувачот на МИА од Кан.

Соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија беше започната во 2005 година како билатерлана новатрорска регионална соработка.

Овие два дена се слават 10 години од соработката. Целта беше да се создадат меѓукултурни врски и олеснување на размената меѓу двете територии, ова и покрај нивните разлики, во изминатите десет години  беше најдена заедничка визија за прашањата на децентрализацијата, владеењето и локалниот развој.

Оваа соработка овозможи бројни размени кои резултираа со реализација на одржливи проекти и партнерства кои продолжуваат да напредуваат. Резултатите од оваа соработка се видливи и вкоренети во двете општества. Поради ова, децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија сега служи како пример за нејзината стабилност и издржливост што се должи на посветеноста и поддршката на многу од нејзините партнери во двете територии, на прво место градовите, невладините организации силно поддржани од надлежните државни и регионални институции.

Особеноста на оваа соработка е што таа се одвива меѓу различни структури и во неа се вклучени: здруженија, градови, образовани институции, студенти, уметници од регионот Долна Нормандија и Македонија кои се обединија за вршење заеднички акции и промовирање на нивната територија. Ова е  резултат на разновидноста на области на соработка како  култура и наследство, човековите права, млади, нови технологии кои обезбедуваат прогресивно и долгорочно размислување кои постојано се развиваат и придонесуваат за развој на двете територии, посебно на локално ниво. 

Во програмата за десетгодишнината од соработката е предвиедена во текот на денот во седиштетот на Регионот во Кан, презентација на соработката Долна Нормандија-Македонија  со сведоштва и искуства на партнерите, индивидулани разговори и средби. Утре се предвидени три тематски работилници за „Предизвици на институционалната соработка: долгорочни размислувања и капитализирање на искуствата за локалните единици“, „Соработка со Балканот или како да се вреднува различноста на европските идентитети“ и „Децентрализирана соработка и економска отвореност“.

Во Културниот дел на програмата е предвидено затворање на изложба на Флер Елуин и концертот на македонска музика на Тони Китановски и Черкези Оркестар/Баруф Оркестар и посета на Меморијалниот центар од Кан.

Во програмата за соработка се вклучени 60 партнери од Долна Нормандија и Македонија, здруженија, единици на локална самоуправа, училишни и културни установи кои работат на седум оски (информациско-комуникациски технологии, млади и граѓанство, попис на културно наследство, културни политики, туризам, земјоделство и човекови права) дефинирани во согласност со националните и локалните приоритети. Покрај тоа, постојат осум активни збратимувања меѓу општините од Долна Нормандија и Македонија, како и трансверзална оска на институционална поддршка за регионализација.

Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) беше назначена од регионот како координатор со локална канцеларија.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега