Возачи внимавајте: Еве кои патишта се проблематични

 

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила.

Од 06:45 часот нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 21:45 часот (07.04.2015 г), нормализиран е сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента за што е поставена дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Поради свлечиште на патниот правец А3 Прилеп - Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови на возила. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а во западниот дел од државата со остатоци на снег. Врнежи од слаб снег се бележат на Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с. Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

На регионалниот пат Гевгелија - локалитет "Смрдлива вода" во м.в. "Длабок дол", сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште.

На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот од 09-45 е прекин за сите видови на моторни возила а возилата се пренасочуваат преку с. Киселица – с. Ратавица – с Леговец – Пробиштип.

На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с. Просениково - с. Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат.

На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с. Киселица сообраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сигнализација.

Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с. Дурачка река – с. Дренак во должина од 7 км.

На регионалниот пат Куманово - Кратово кај излезот на с. Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри и поставени се знаци за предупредување.

На патниот правец Лакавица - Неготино на 7 км над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200 м на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг, од 18-ти март 2015 година, започнати се градежни работи на мостот А1-43Л (пред тунелот во Катланово), на автопатот А1 (Е75), делница Велес - Катланово, на стационажа 46 + 934, вклучувајќи должина од околу 250 метри, пред и по мостот. Сообраќајот се одвива по една лента, регулирано со ново поставена сигнализација. Планирано е работите да траат 3 и пол месеци.

Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Според известувањето од ИРД Енгинееринг од 10-ти февруари 2015 година, започнати се работи на мостот А1-69Л, на автопатот А1 (Е75), делница Велес - Катланово, на стационажа 63 + 556, вклучувајќи и должина од околу 250 метри пред и по 250 мостот. Сообраќајот се одвива по една лента и возачите се молат да внимаваат на ново поставената сигнализација. Планирано е работите да траат 3,5 месеци.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

- од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега