Среќниот Ѓорѓе од Струмица: Изгубил 200.000 денари на патарина - вработениот ги нашол и му ги вратил

 

Ѓорѓе Спасов од струмичкото Радичево имал многу среќа што пред неколку дена на наплатната рампа во Хрватска налетал на 44 годишниот Хрвоје Билиќ. Откако струмичанецот си ја платил патарината, тргнал со својот автомобил но му испаднала торбата во која имал пасош и околу 200.000 денари.
Хрватскиот работник забележал и ја земал торбичката. Во неа имало два пасоши и парите.

По еден час, Ѓорѓе тргнал назад по торбичката. Не се ни надевал дека ќе ги најде парите. Но имал среќа што торбичката завршила во рацете на чесниот работник. Неговите колеги велат дека тој по шести пат наоѓа големи суми на пари и им ги враќа на оние кои ги изгубиле. Пред некоја година ја добил и награда „Гордост на Хрватска“.
„Ме спасивте. Тома ми беше целата заработка која ја донесов од Швајцарија каде работев неколку месеци. Не знам како да ви заблагодарам, веле Ѓорѓе низ солзи, но Хрвоје не сакал ниту да чуе за било каква награда
„Одете дома и израдувајте ги најблиските за Велигден. Тоа ќе ми биде најголема награда“ – рекол Хрватот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега