Метеоролозите носат супер вести за велигденските празници
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно студено со сончеви периоди. На повисоките места и планините ќе има услови за провејување на снег, особено претпладне. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно времесо сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1,а максималната ќе достигне до 7 степени.
До четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Особено силен ветерот ќе биде во четврток кога на моменти ќе достигнува брзина околу 70 км/час. Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време, на повеќе места утринските температури ќе бидат негативни, а дневните ќе бележат пораст, особено од петок.
За велигденските празници не очекува убаво време. Температурите ќе се движат меѓу 5 и 7 степени наутро а дневните ќе достигнуваат и до 20 степени. Времето ќе биде ведро и сончево.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа