На Велики Четврток поплави во Македонија

 

Денеска, Кооринативното тело за справување со кризи одржа состанок на кој беше разгледана хидролошката состојба во земјава и беше констатирано дека поради зголемување на температурите  за време на претстојниот викенд, можно е топење на снегот на повисоките места, што би предизвикало зголемување на водостоите на речните корита..

Според прогнозата на УХМР од четврток следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе забележат пораст и до 20 степени целзиусови. Поради големата влажност на паднатиот снег и негово можно топење и понатаму се очекуваат високи водостои на сите реки во Република Македонија.

Како критични места каде се очекува поголемо количество на вода беа утврдени сливот на река Вардар кај Јегуновце, сливот на Црна Река во Пелагонискиот регион и слив на река Треска кај Пласница..

За ваквата состојба од страна на Центарот за управување со кризи  известени се сите ЕЛС во засегнатите подрачја, со цел да се преземат соодветни превентивни мерки.

Екипите на ЕВН и ЈП Македонија пат постојано се на терен и ги отстрануваат настанатите дефекти во електродистрибутивниот систем, односно расчистување на одроните од патиштата.

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега