Унијата на жени на ВМРО-ДПМНE во посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет Кисела Вода заедно со претседателот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова направи посета на Дневниот центар за лица со церебрална парализа.
-За мене е особено задоволство што денес имавме можност да бидеме во Дневниот центар за згрижување на лица со церебрална парализа. Оваа посета на центарот ја правиме во пресрет на големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден и со желба да дадеме свој придонес за што повеќе насмеани детски лица. При нашата посета, дониравме средства кои се потребни на центарот за работа со штитениците од истиот, изјави Рангелова.
Со посетата на Дневниот центар за лица со церебрална парализа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја започнува агендата на активности и настани кои ќе ги спроведе во пресрет на Велигденските празници.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа