ЕВН Македонија со пакет програми за поддршка на образовниот процес

 

На саемот за вработување и пракса - „Контакт“ кој се одржува на Технолошко-Металуршкиот Факултет во Скопје, ЕВН Македонија ги презентира  отворените програми за практикантска работа и за вработување млади и стручни кадри „Trainees 2015“.

Како што денеска соопшти ЕВН Македонија, интересот на студентите бил голем за програмите кои им се овозможуваат, бидејќи компанијата е веќе препознаена како сигурен и отворен партнер за соработка и развој на кариерата на младите и стручни кадри.

Програмите се атрактивни и заинтересираните ќе можат да се пријават за посетување практикантска работа до 31.05.2015  на praktikum@evn.mk , а за „Trainees 2015“ до 30.04.2015 на work@evn.mk .

Минатата година практикантска работа во ЕВН посетувале 57 студенти, од кои 23  беа дел од „Trainees“ програмата. Во моментот ЕВН Македонија стипендира вкупно 14 студенти. 

 

 

Оцени ја веста

07.04.2015 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега