23 годишна британска студентка починала од забранети апчиња за слабеење

Дваесет и тригодишната британска студентка по медицина Сара Хјустон е една од 62-те жртви на забранети апчиња за слабеење. Девојката од Хјусонт и покрај тоа што го информирала нејзиниот доктор дека нејзината булемија е под контрола, сепак тајно продолжила да ги пие апчињата кои биле опасни по нејзиниот живот. ДНП односно динитрофенолот е пестицид кој може да се набави преку интернет, и е ефективен за слабеење, но е забранет за продажба. 

Опседната со тежина, 23-годишната студентка по медицина Сара Хјустон, е една од 62-те жртви на забранетите апчиња за слабеење.  Направената обдукција само ја утврдила причината за смртта на девојката која потекнува од семејство на врни лекари.

За Дејли Меил експетрите посочиле дека нелегалната продажба на апчињата за слабеење им носи добар на профит на оние кои тајно ги продаваат на Интернет, а по нив најчесто посегнуваат луѓе опседанти со тежината, како Сара.

Докторите објасниле дека Сара ги пиела забранетите капсули во комбинација со препишани антидепресиви, а тоа се покажало како смртоносна комбинација.

ФОТО: Тиме.мк

најчитано сега