Обама бил прислушуван додека бил сенатор
Некогашниот сенатор на американската сојузна држава Илиноис, а денеска претседател на САД Барак Обама, бил прислушуван од Националната безбедносна агенција пред девет години.
Ова го изјави поранешен соработник на НСА, Рас Тајс кој две децении работел во разузнавачкиот сектор, а на американската јавност и стана познат откако во 2005 година преку „Њујорк тајмс“ откри детали за нелегалното прислушување преку НСА на администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.
- Ги држев во раце тие хартии, прислушвани се сите - членови на Конгресот и на Сенатот, судии, адвокати, вработените во Стејт департментот, како и вработените во Белата куќа.