СКАНДАЛ: Наставничкиот пленум задоволен од активностите кои им наштетуваат на средношколците!
Маските паѓаат и целосно е разобличена целта на членовите на Наставничкиот пленум. Секојдневно самите докажуваат дека грижата за децата воопшто не им е примарна цел.
Ова е скандалозно бидејќи е недозволиво просветни работници да нанесуваат штета на образовниот процес на учениците.
Членови на Наставничкиот пленум вчера изјавија дека се задоволни од бојкотот на наставата. Професор Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека се задоволни од тоа како се одвива бојкотот и оти скоро во сите средни училишта се бојкотира наставата. После ова, се поставува прашањето како е можно наставници да бидат задоволни од било какви активности кои ќе му наштетат на воспитно образовниот процес на децата?!
Децата не одат на настава, часовите минуваат, материјалот останува. Наставниците од Пленумот задоволни затоа што ги исполнуваат своите цели, а родителите се уплашени за образовната иднина на своите деца.
Скандалозно е однесувањето на овие наставници, кои ги злоупотребуваат средношколците за да остварат свои цели. За тоа какви цели сакаат да исполнат одамна стана јасно, кога јавноста можеше да види кој протестира.
За потсетување, во Наставничкиот пленум членуваат Цветанка Ласкова од СДСМ, братот на поранешниот портпарол на Бранко Црвенковски, Данило Станковиќ, Даниела Николова-актуелен советник на опозицијата во Аеродром, поранешниот пратеник на СДСМ, Аце Спасевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа