Пратениците со полни раце работа
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика, за економски прашања, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана и безбедност.
На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, Предлог – законот за јавнообвинителска служба, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, сите во второ читање. Ќе се расправа и по годишните извештаи на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2014 година и за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2014 година.
Предлог-законот за изменување на Законот за социјалната заштита, во прво читање е единствена точка на седницата на Комисијата за труд и социјална политика.
Членовите на Комисијата за економски прашања ќе дискутираат по Предлог - законот за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во прво читање.
Предлог-законите за изменување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за безбедност на храната, сите во прво читање се на агендата на седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На денешната седница Комисијата за одбрана и безбедност на дневниот ред ја има Предлог - одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската Унија „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа