ДОКУМЕНТИ: Црвенковски и Шекеринска гласаа ЗА Законот за амнестија
Законот за амнестија во Македонија е донесен во 2002-ра година со консензус.
Истиот беше поддржан и од СДСМ. За законот за амнестија гласаа Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска, Јани Макрадули и Никола Поповски.
За Законот гласаа 64 пратеници, а 12 беа против. Освен пратениците Албанци, Законот го поддржаа и мнозинството од пратениците од двете најголеми пратенички групи во македонскиот блок, меѓу кои и опозиционата СДСМ.
За оваа тема имаше повеќе неделна јавна дискусија која ја памети целата македонска јавност.
Инаку, СДСМ е позната како партијата која додели своевремено 150 илјади државјанства на Албанци за да ја имаат нивната поддршка на претседателските избори во 1994 година. Исто така, СДСМ во 2004 го донесе и спроведе спорниот Законот за територијална поделба.
За потсетување, во 2004 година, мнозинството на СДСМ и ДУИ го донесе новиот Закон за територијална поделба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа