Граѓанска иницијатива од вечерва: Заев да одговара за велепредавство!

 

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во 19 часот ќе одржи трибина во скопската населба Автокоманда.

Таму, ќе покрена граѓанска иницијатива за поведување на постапка за одговорност за велепредавство на Зоран Заев.

Аналитичарот Александар Пандов гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија и посочи дека посетителите на трибината ќе можат да потпишат документ со кој ќе се даде поддршка, но ќе се направи и притисок до институциите да се реши побрзо овој процес.

-Веќе два месеци сме сведоци како господинот Заев на најнизок начин го бербати угледот на Македонија, а со самото тоа и угледот на граѓаните од секоја етничка припадност. како капак на се беше минатонеделниот чин на оддавање на државна тајна со што на најдиректен начин ги загрози безбедносните структури кои се занимаваат со едно најчувствително прашање, односно се борат против најлошите криминалци. Покрај што го наруши безбедносниот систем на државата, Заев секојдневно, со секој свој настап се обидува да ги урниса сите институции како и комплетниот систем на државата, рече Пандов.

ГДОМ продолжува со оваа иницијатива и собирање на потписи. Утре списоците ќе бидат оставени во Кавадарци, во среда поддршка за оваа иницијатива се очекува да дадат граѓаните од Аеродром. Неколку дена оваа акција нема да се реализира поради големиот христијански празник Велигден. Од следниот понеделник секој ден ќе се посетуваат сите поголеми општини и градови во Македонија

Пандов верува дека сево ова ќе заврши на позитивен начин- Македонија да остане сплотена, а криминалците да се најдат во институциите кои се предвидени за нив.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега