„Ле Монд“ во суперлативи за нашиот писател Венко Андоновски

 

Во литературниот додаток на францускиот весник „Ле монд“, познатата критичарка Флоренс Нувил на речиси цела страница пишува во суперлативи за француското издание на романот „Вештица“ од Венко Андоновски.

Изданието неодамна го објави белгискиот издавач „Кантокен“, со предговор на Милан Кундера.

Романот „Вештица“ до сега во Македонија постигна осум изданија и се уште е една од најчитаните книги од македонски автори. Ја третира темата на машкиот геноцид врз жените, преку инквизицијата, кога од десеттиот до осумнаесеттиот век, во Европа биле запалени на клада околу половина милион жени, обвинети дека имаат склучено пакт со ѓаволот.

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега