Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија седници денеска ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за здравство, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Предлог годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2015 година и Предлог-годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2015 година. 

Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување во второ читање. 

Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање. 
 
На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање.
 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега