Нелегитимниот Средношколски пленум ги изложува учениците на ризик- законот пропишува глоба за родителите
Нелегитимниот Средношколски пленум, освен тоа што на ризик ги изложува самите родители со глоба, сериозно ги изложува и средношколците на ризик кои наместо во клупи се тераат да бидат надвор од образовниот процес.
Иако беше постигната целта математиката да не се полага задолжително, решение кое беше постигнато меѓу МОН и Средношколската унија, која е единствениот легален и легитимен претставник на средношкоцлите која постои веќе 20-тина години, сепак се најавува бојкот на наставата од страна на помала група средношколци кои себеси се преставуваат како Средношколски пленум, организација која не е регистрирана и легална, а која сама на себе си го дава правото како преставник на средношколците.
По најавата дека ќе има бојкот на наставата, денес се огласи Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) кој е децидно против и повикува на свесност пред се на родителите кои не треба да дозволат манипулација на своите деца.
-Како дел од поновите случувања во образованието, исто така од неодамна се појави и Средношколскиот пленум, кој дополнително го ,, збогати “ списокот на неформални групи, кои се појавуваат како паралелни на легитимните и со закон формирани организации. Во врска со Средношколскиот пленум СОНК, во кој членуваат без малку сите наставници, во основните и средните училишта во државата, а одговорни за воспитание и образование , сака да ја изрази својата загриженост за можноста оваа неформална група на дел на ученици од неколку средни училишта да не бидат изманипулирани и искористени не за промовирање на свои интереси, како стандарди во средното образование во демократските земји, туку за одработување на туѓи агенди, се вели во сопштението од СОНК.
Законот пропишува глоба од 2.000 евра за родителите
Според законот, во случај на бојкот Членот 109 пропишува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако нередовно го посетува училиштето.
Член 44 од законот јасно утврдува дека статусот на редовен ученик во јавното училиште престанува ако ученикот неоправдано не ја посетува наставата континуирано 25 наставни дена во текот на наставната година.
Член 53 од законот вели доколку ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една третина оправдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети утврдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети.
Ова значи дека таканарешениот нелегитимен Средношколски пленум, освен тоа што на ризик ги изложува самите родители со глоба, сериозно ги изложува и средношколците на ризик кои наместо во клупи се тераат да бидат надвор од образовниот процес.
Последно што беше забележено е кога средношколци од Куманово со автобуси беа доведувани на протест на пленумот, при што регираа повеќе здруженија за заштита на деца како и народниот правобранител.
Пленумите се продолжена рака на СДСМ
Она што е се појасно е дека зад ваквите пленуми стои политичка злоупотреба на најмладите, односно Пленумите стануваат продолжена рака на најголемата опозициска партија СДСМ, финансирани од организации блиски до СОРОС.
Па така, за краток период освен Средношколскиот пленум се формираа Студентски и Професорски пленум, новинарски пленум каде дел се новинарите од аферата на СДСМ наречена „Фабрика“ и повеќе други кои работата во медиумите финансирани од СОРОС, Граѓанскиот пленум на Стојанче Ангелов, па Наставнички пленум во чија организација се споменува името на братот на Емилијан Станковиќ, Данило Станковиќ, наставничката Даниела Николова- актуелен советник на СДСМ во општината Аеродром, Аце Спасевски- екс пратеник на СДСМ во Собрание, Билјана Костова- член на СДСМ и поранешен советник од СДСМ и Цветанка Ласкова која е претседателка на Клубот на жени на СДСМ.
Истата директна поврзаност со СДСМ ја има и Средношколскиот пленум кој иако нелегален сака да се наметне како фактор. Во овој пленум, како што објави порталот Денешен, како организатори се јавуваат и функционери и активисти на младите од СДСМ како Ненад Јовановиќ, поранешен портпарол на СДСМ од кавадарци, а сега новинар во соросовиот портал Мојот град, потоа Бобан Сугаревски од соросовиот МОФ кој во исто време е подржувач и на Средношколскиот пленум, како и Дамјан Кувенџиев, активист на МОФ и член на пленумот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа