Груевски го распрсна сценариото на Заев за економско, политичко и безбедносно назадување на Македонија
Деструктивното сценариото на опозицискиот лидер Зоран Заев нема да ги даде посакуваните резултати. Познавачите на состојбите сметаат дека со вовлекување на пријателски земји како Кина и Израел целта на Заев му е изолирање, укочување на економскиот раст и развој на земјава, како и прекинување на безбедносната соработка.
Кина преку нивната државна компанија гради проекти тешки неколку милијарди во регионот, а Израел преставува еден од најсигурните и напредни партнери во областа на безбедносната соработка. Намерата на Заев е на овој начин со конфронтирање и деградирање на односите да се предизвика и уште поголема криза и државата економски и политички да назадува.
Ваквите намери на Заев вчера од Тетово ги распрсна премиерот Никола Груевски, кој порача дека соработката со Кина и со Израел проодлжува и понатаму и нема да се прекине соработката со азиската земја за инфраструктурните проекти, како и безбедносната соработка со израелската држава.
-Ја обвини кинеската држава, значи Народна Република Кина, дека преку нивната државна компанија со која градат проекти на Балканот, но и секаде низ светот кои чинат тешки милијарди, ...е токму нив, ги обвини дека влегле во коруптивна зделка со македонската влада. Значи ај нас што не плука и што му дозволуваме овде на неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и Кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на советот за безбедност, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти. Значи, за да биде јасно, во првиот случај со народна република кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа, и уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, бртучедите, стините и чичковците, но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар- Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор, порача Груевски од Тетово.
Груевски рече дека Заев направил и втора огромна грешка, имено, Кинезите очигледно не му биле доволни, туку сакал и нешто повеќе, па ја обвинил државата Израел дека преку нивното министерство за одбрана влегла во коруптивни активности со македонската влада. Груевски посочи дека со Република Македонија со Израел има одлична соработка, пријателски и партнерски односи базирани на меѓусебни договори и почитување, врска која се продлабочува.
- Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек. Освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме. Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на влас ќе избркал од работа се од чистачка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ, ги наклевети сите, вклучително и претставниците од министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци. Срамно и крајно штетно за државата, обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин.
Груевски нагласи дека Заев издал државна тајна и објавил работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, рече Груевски, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа