СОНК: Жестоките напади се со однапред смислена цел за разбивање на единството на Синдикатот

 

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија ( СОНК ), на редовната седница одржана вчера, меѓу другото се осврна и на зачестените напади врз СОНК, како и врз раководството на нашиот Синдикат, што се врши најчесто преку средствата за јавно информирање и социјалните мрежи, велат од СОНК.

Во продолжение интегрален текст од сопштението на СОНК...

Советот на СОНК оцени дека бројноста и жестината на нападите, со најчесто целосни неточни тврдења, се со однапред смислена цел за разбивање на единството на СОНК и создавање на атмосфера за превземање на раководните функции, почнувајќи од синдикалните организации, регионалните одбори, па се до национално ниво.

Советот, кој е највисок орган на одлучување помеѓу два конгреса е и статутарно  обврзан да го гради единството на Синдикатот и согласно тие обврски е должен да презема соодветни активности.

Поаѓајќи од споменатите напади и потврдувајќи ја цврстата решеност на Советот и на раководството, СОНК и во оваа прилика соодветно да одговори, Советот едногласно ги усвои следните

                              К О Н С Т А Т А Ц И И     И     З А К Л У Ч О Ц И

1. Непобитен е фактот дека СОНК повеќе од деценија и половина е изложен многу често на неосновани напади, со однапред пресметана цел за нанесување штета на СОНК кој беше, е и ќе остане убедливо најголемиот грански синдикат во Р. Македонија.

Најизразени примери за овие напади доаѓаа од преку ноќ формираниот во 2005 годнина СОНК при ССМ, кој набрзо потоа се трансформира во Мултиетнички синдикат ( МЕСО ). Колку што ни е познато формално тој сеуште постои, но никогаш не се легитимира пред јавноста, ниту колку членови има, број на синдикални организации, како и кога последен пат е одржан Конгрес на кој е избрано актуелното раководство, кое е истото од времето на формирањето. СОНК нема да прашува што досега направиле за нивното членство, бидејќи не сакаме да се мешаме во нивната работа, секако дека нивното членство би требало тоа да го знае, но прилично се препознатливи во јавноста со изјави за тоа што СОНК направил или што поточно СОНК не направил според нивните желби.

2. Од неодамна присутен е Наставничкиот пленум како неформална група, која е многу активна преку средствата за јавно информирање и социјалните мрежи. СОНК не навлегува околу причините за нивното формирање, меѓутоа сосема легитимно бараме членовите на Наставничкиот пленум веднаш да престанат со пласирање на невистини, конструкции и неспорни лаги и клевети, како за целата наша организација, така и за поединци од раководството на СОНК. Не навлегуваме во ниедно од нивните гледања за образованието, но не можат тие да се обидуваат нивните агенди да ги остваруваат преку СОНК, затоа што СОНК има своја програма, свои цели, свои легитимни органи, законски докажана репрезентативност како социјален партнер. Според тоа, Наставничкиот пленум нема никакви основи да се обидува да биде паралелен партнер со СОНК, ниту пак има било каква основа да се надева во СОНК да бара сојузник за остварување на неговите намери.

СОНК има сигурни податоци дека во оваа неформална група има членови кои и активно делуваат во истата, а сеуште се членови на СОНК, што е целосно спротивно со повеќе одредби од Статутот на СОНК.

3. Како дел од поновите случувања во образованието, исто така од неодамна се појави и Средношколскиот пленум, кој дополнително го ,, збогати “ списокот на неформални групи, кои се појавуваат како паралелни на легитимните и со закон формирани организации. Во врска со Средношколскиот пленум СОНК, во кој членуваат без малку сите наставници, во основните и средните училишта во државата, а одговорни за воспитание и образование , сака да ја изрази својата загриженост за можноста оваа неформална група на дел на ученици од неколку средни училишта да не бидат изманипулирани и искористени не за промовирање на свои интереси, како стандарди во средното образование во демократските земји, туку за одработување на  туѓи агенди.

Врз основа на претходно изнесените Констатации, Советот на СОНК ги усвои следните

З  А  К  Л  У  Ч  О  Ц  И

  1.       Се задолжуваат синдикалните организации на СОНК од чиј состав има членови во Наставничкиот пленум согласно на одредбите на Статутот на СОНК, истите да бидат соодветно санкционирани, заради непобитните факти дека Наставничкиот пленум досега има направено безброј директни напади врз СОНК,  без никаков основ и аргументација , како на органите така и на раководството на нашиот Синдикат, што претставува казниво дело што е санкционирано и со законите на Р. Македонија.

За реализирање на овој Заклучок се задолжуваат и регионалните одбори на СОНК, во смисла на помагање и следење на активностите во синдикалните организации .

  1.      Се задолжува највисокото раководство на СОНК да покрене соодветни судски постапки преку адвокатската канцеларија  против сите поединци или групи од Наставничкиот пленум и од Мултиетничкиот синдикат за образование, за кои постојат докази дека направиле незаконски дејствија против СОНК и неговото раководство, со цел и на овој начин нашата организација да биде заштитена од ваквите незаконски дејствувања против неа, а исто така да се утврди и штетата што е нанесена врз СОНК со таквото нивно дејствување.
  2.      Се задолжува Стручната служба на СОНК овие Констатации и Заклучоци да бидат објавени како Соопштение преку средствата за јавно информирање, како и да биде објавено на web страната на СОНК како документ усвоен од Советот на СОНК.  
 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега