Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод католички Велигден

 

ВМРО-ДПМНЕ по повод големиот христијански празник Христово Воскресение - Велигден упати честитка до сите католички верници во Република Македонија.

- На овој ден кога се празнува овој празник доброто нека го победи злото, а животот ја победи смртта. Денес е ден кога кај секој од нас повторно се раѓа надежта за подобар свет, за подобро утре.

На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците.

Спокојот, мирот, хармонијата и љубовта нека го обележат денешниот ден и нека заживеат во вашите домови. Да ги споделиме со нашите најблиски, со нашите роднини, соседи и пријатели. Овие вредности треба да се работите кои треба да се одлика на работењето и дејствувањето на сите во нашето општество.

Воскресението Христово е ден кога се празнува радоста, која може да се види во секој храм, секој дом и секој човек. Денес ја славиме Христовата жртва која е синоним за ширење на пораката за човечноста, мирот, разбирањето, толеранцијата и соживотот, што е и основна обврска на секој еден човек.

Просперитетната и духовно богата Македонија се исполнува само со заеднички придонес на благосостојба и напредок на нас самите и другите околу нас. Нека е за многу години големиот христијански празник! ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до католичките верници во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега