Наместо пролет половина Македонија под снег: Еве каде вее во моментов

Интензивни снежни врнежи денеска во западниот дел на Македонија. Снег вее во Маврово и на Попова Шапка како и на планинискиот превој Стража. Поради ова, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, како и на патниот правец Р1202 од Мавровска крстосница Маврови Анови -Дебар, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен., а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега