Алфите со полни раце работа - приведени 221 лице

 

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1.428 лица, потоа преглед на 18 возила, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лица.

И тоа, по основ на телеграма 38 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19 лица, по извршено кривично дело – 24, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување на казна затвор – 10 лица, за утврдување на идентитет – четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица. 

Вкупно приведени лица по нарушување на јавен ред и мир се  37, за поседување опојни дроги – 38, а вкупна се дадени 11 асистенции при вршење претрес на дом и други простории.

Останати активности на Единицата:

- Предадени двајца сторители на кривични дела

- Предадени 24 лица поради нарушен ЈРМ

- Предадени 33 лица за сторен сообраќаен прекршок

- Предадени 293 странци со нерегулиран престој

- Предадени двајца малолетници и

- шест останати случаи на предадени лица

-    пронајдени и предадени 2 возила  и еден предмет кои потекнуваат  од кривично дело

-    извршени две обезбедувања на лице место.

 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега