Фрчат казни за вработени во МВР - што направиле?

 

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во МВР поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 6 и 7  и член 207 став 1 и  точки 4,8 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 30 вработени изречена им е мерка  – „парична казна”,на осум вработени мерка - “запирање на постапката“, на двајца вработени мерка – „распоредување две нивоа пониско“, на еден вработен мерка – „распоредување едно ниво пониско“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“,  а станува збор за:

Раководител на смена во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Дежурен полицаец во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полициски службеник во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полициски службеник во ПС за ГН-Франгово, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Раководител на смена во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Дежурен полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Свети Наум, РЦ за ГР Запад изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Помошник дежурен во ПО Попова Шапка, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Го напуштил работното место без да го извести непосредниот старешина)

Полицаец во ПС ОН Тетово, СВР Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (Го напуштил работното место)

Полицаец за обезбедување на објекти во ПО за НФОО, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПО-Новаци, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (Не го одржувал чисто и подмачкано формациското оружје);

Полицаец во ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не се јавувал на телефон и по радиоврска и не доставувал службен материјал за преземени мерки);

Водич на безбедносен реон во ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (ненавремено ги извршувал своите обврски);

Дежурен во ПС ОН Радовиш, СВР Струмица изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил затекнат како спие);

Полицаец за БПС ПО за БПС Свети Николе, СВР Штип изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Не санкционирал лице кое сторило прекршок против ЈРМ);

Полицаец ПС од ОН Прилеп, СВР Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (Покажал слаба активност во своето работење);

Инспектор во увидна екипа во ОКТ во НК за КР-Гостивар, СВР-Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (доцнел неколку месеци со изготвување на Записниците за извршен увид на обезбедено место на настан);

Полицаец во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (покажал слаба активност во своето работење);

Инспектор за прифат-сменоводител во ПС ОН Прилеп, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил задолжен да врши контрола на евиденциите кои се водат во ПС и не доставувал службени белешки за извршената контрола);

Полицаец во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (покажал слаба активност во своето работење);

Полицаец во ЕБР изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не пријавил настан во ПС);

Главен дежурен во ПС ОН Куманово, СВР Куманово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на обука);

Командир на ПС од ОН Крива Паланка, СВР Куманово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Не презел мерки против полициски службеници кои не постапувале согласно законските овластувања);

Полицаец во ПС од ОН Кочани, СВР Штип изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Наместо да плати казна за неплатена паркинг услуга, го зел поставениот блокатор);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (Не доставил одговор за превземенимерки по поплака и се потпишал на доставницата наместо странката);

Полицаец во ПО Галате, СВР-Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);

Полицаец во ПО Галате, СВР-Тетово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);

Началник на Одделение за полција во СВР Куманово изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не преземал мерки да санкционира пропуст на полициски службеници);

Инспектор за општ криминалитет во ООК, НК за КР Кочани, СВР Штип изречена му е мерка „распоредување два степени пониско“ (Несовесно и ненавремено ги извршувал поставените работни задачи);

Инспектор за општ криминалитет во ООК, НК за КР Гостивар, ОКП, СВР Тетово изречена му е мерка „распоредување еден степен пониско“ (Несовесно и ненавремено ги извршувал поставените работни задачи);

Полицаец ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец во ПС од ОН Радовиш, СВР Струмица изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец за патрола и интервенција во Единица за прв одговор и интервенција-АЛФА во СВР Скопје изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Водич на безбедносен реон во ПС ОН Радовиш, СВР Струмица изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец во ПС за ГН Маздрача, РЦ за ГР Север изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец во ПС за ГН Маздрача, РЦ за ГР Север изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец во ПС ОН Гостивар, СВР Тетово изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Полицаец во ПСОН-Штип, СВР-Штип изречена му е мерка „запирање на постапката“ (Нема повреда);

Водич на безбедносен реон во ПС од ОН Битола, СВР Битола изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство);

Командир на ПС за ГП и ГН Белановце, РЦ за ГР Север изречена му е мерка „распоредување два степени пониско“ (во повеќе наврати ја злоупотребил својата положба и овластувања);

 

 

 

 

Оцени ја веста

05.04.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега