Лоши вести за утрешниот ден

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, особено долж Повардарието. Дневната температура ќе се движи од осум до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела и во понеделник земјава ќе биде под влажен бран од Медитеранот и ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки мета од дожд и снег.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од шест до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат и повеќе од 30 литри на метар квадратен.

 

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега