Однесувајте се одговорно - сообраќајот не е игра!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата перманентно ја следи состојбата со безбедноста на сообраќајот на патиштата и континуирано презема активности за унапредување на сообраќајна превенција и намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи.

Со жалост констатираме дека вистинска трагедија е тоа што се случи изминатата недела кога две лица го загубија животот. Фактите говорат дека во Република Македонија постои тренд на намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајни несреќи:  Во 2014 година споредбено со 2013 година бројот на загинат е намален за 74. Оваа година според досегашните податоци го следи нивото и динамиката од претходната, односно досега, во овие три месеци 23 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.

Во Република Македопнија околу 25 % од вкупниот број на жртви во сообраќајни несреќи се пешаци. Во изминатата 2014 година од 124 лица загинати во сообраќајни несреќи 35 се пешаци. Оваа година, 2015, од 23 загинати лица 7 се пешаци.

Затоа апелираме до пешаците:

  •   Внимателни и одговорно да се однесуваат во сообраќајот
  •   да ја преминуваат улицата исклучиво на пешачки премин,
  •    да поминуваат исклучиво на зелен пешачки семафор
  •   пред да ја поминат улицата  задолжително да погледнат на двете страни од улицата и внимателно да проценат дали се во состојба безбедно да ја преминат улицата
  •   доколку се колебливи,  подобро да почекаат некој нареден момент во кој ќе бидат сигурни дека можат безбедно да јапоминат улицата.

Посебен апел упатуваме до повозрасните граѓани: да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните правила при учеството во сообраќајот, движењето и преминувањето на улица.

Апелираме и до возачите, посебно до младите и помалку искусни возачи, да бидат внимателни во сообраќајот, бидејки брзото возење убива. Управувањето на моторно возило, воланот во рака е висока одговорност, која бара смиреност, карактер, знаење.  Агресивното однесување во сообраќајот е потенцијално убиство. 

Сообраќајот не е игра!

 

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега