Груевски: Започнуваме со инвестиција од 15 милиони евра во патна инфраструктура во полошко
Во делот на патната инфраструктура во овој регион изминативе 3 години извршивме изградба, реконструкција и модернизација на над 90 километри локални и регионални патишта за што беа инвестирани повеќе од 11 милиони евра. Само во Тетово, изминатава година беа инвестирани 4,5 милиони евра за реконструкција и модернизација на 30 километри локални и регионални патишта, рече премиерот Груевски на народниот собир во Тетово.
Во периодот што следи, ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на патната инфраструктура во Полог. Во идниот период во Тетовско ќе инвестираме повеќе од 2 милиони евра за реконструкција и надградба на 20 километри пат, меѓу кои и надградбата на коловозот Тетово – Попова Шапка која ќе започне во мај/јуни, како и рехабилитацијата на регионалниот пат Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар во должина од 16,5км и инвестиција од 2 милиони евра која ќе започне летово. Во април/мај ќе ја започнеме и втората фаза од рехабилитацијата на патна делница Тетово-Пирок-Гостивар во должина од 10 километри. Се работи и реализација на инвестиции од 1 милион евра за реконструкција на 2 пата и автопатска клучка во Брвеница, рече Груевски.
Вчера, рече тој, започнаа и тендерските процедури за реконструкција на три пата во гостиварско и санација на мостот на магистралниот Гостивар – Стража, инвестиција во висина од 1,5 милион евра.
-Откако ги завршивме градежните работи во висина од 3 милиони евра на делниците Гарски мост - Бошков Мост и Маврово – Дебар, летово започнуваме и со реконструкција на регионалниот пат Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар во должина од 20км во вредност од 8 милиони евра. Реконструкција која ќе заврши за една година. Тоа се проекти кои се од значење за сите жители од овој регион, рече Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа