Груевски со одлични вести за учениците и студентите: Зголемување на стипендиите за дури 10%

 

Денес сакам да објавам со задоволство дека Владата ќе ги зголеми за 10% студентските и ученичките стипендии, порача премиерот Никола Груевски од народниот собир во Тетово.

Зголемувањето на ученичките стипендии ќе се однесува на најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, ученици од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители.

Студентски стипендии, како што рече Груевски ќе се зголемат за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои се деца на бранители.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега