Груевски: Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина

 

Зоран Заев во изминатите недела дена, рече Груевски, направи две работи. Прво ја обвини кинеската држава, значи Народна Република Кина, дека преку нивната ДРЖАВНА компанија со која градат проекти на Балканот но и секаде низ светот кои чинат тешки милијарди, ги обвини дека влегле во коруптивна зделка со македонската влада.

-Значи ај нас што не плука и што му дозволуваме овде на неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и Кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на советот за безбедност, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти. Овој генијалецов од опозицијата, мртов ладен, направи втора огромна грешка, имено, кинезите очигледно не му беа доволни, туку сакаше и нешто повеќе, па ја обвини Државата Израел дека преку нивното министерство за одбрана влегла во коруптивни активности со македонската влада. Замислете каков тип. Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек, рече Грѕевски.

Значи, за да биде јасно, во првиот случај со народна република Кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој  процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа.

- И уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, братучедите, стрините и чичковците,  но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе  продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега