Груевски: Секоја недела нова штета - она што СДСМ и Заев го прават е рамно на велепредавство
Секоја недела овие марионетиве домашни прават се поголеми и поголеми грешки. Секоја недела по уште една нова штета за нашата држава. И ај што ги слушавме како креираат лаги против секој од нас на најбрутален начин, ставајќи ги во измислен контекст своите прес конференции, пред некој ден направија огромна, сериозна грешка и голем удар за државата, рече Груевски на народниот собир во Тетово.
Груевски рече дека тие може да се прават сега недоветни и да се бранат колку сакаат, но тоа што го направија е рамно на велепредавство, обидувајќи се да наштетат на нашите безбедносни институции, да ги загрозат нивните позиции, да ја уништат соработката и партнерството со земји кои со децении наназад ни помагаат во различна форма.
-Замислете, онака како да се работи за некоја обична пресконференција од оние недоветните на Шилегов, или уште повеќе оние на оној аболицираниот од Струмица кој сам се фали дека направил милиони евра, и така замислете, си излегуваат сите како петли на прес конференција, така гордо, па овој нели го пречекуваат со аплауз, демек големиот херој, тој се појавува те оклештен, те наводно со спуштена веѓа, демек загрижен за тоа што се случува во државата, мртов ладен издава државна тајна. Човек не може а да не си каже, па добро дали е нормален овој човек? Не е ни чудно што веќе и цела меѓународна заедница не скриено го поставува истото прашање за него. И со секој изминат ден, овој човек ја потврдува оправданоста на ова прашање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа