ВМРО-ДПМНЕ ја црпи енергијата од народот на Македонија - така било, така и ќе биде!
Има луѓе кои не и мислат добро на Македонија. Тие луѓе се среќни кога ќе направат поделби- брат со брата да се мрази. Говорат за храброст и патриотизам, но доушништвото и предавството не е патриотизам. Ќе се препознаат тие кои се.
Ова го истакна министерот за надворешни работи Никола Попоски, на денешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Тој потенцираше дека македонскиот народ секогаш имал опции.
-Овие луѓе тука пред вас во салава во Тетово сметаат на вас, на народот, на посветена работа, на отворање нови работни места... Сите патриоти имале приоритети, нашиот е да не подлегнеме на лажни патриоти и да ја оправдаме довербата која народот ни ја дава, додаде Попоски.
ВМРО-ДПМНЕ, рече Попоски, ја црпи енергијата од народот на Македонија, така било, така и ќе биде.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа