ФОТО: Кога помисливме дека не може да биде потажно... - киднапирано детето за кое плаче цел свет!

 

Малата Худеа, девојчето од Сирија кое ги крена рачињата кога фотограф се обиде да ја фотографира, бидејќи е научена да гледа само крв и пукотници, ги скрши срцата на милион лица ширум светот. Сепак, остатокот од приказната дополнително ќе ве скрши, бидејќи малото девојче е киднапирано од страна на Ал Каеда за време на бегство.

Тие ја киднапирале во градот Идлиб, откако нејзината мајка со уште три деца се обидела во тоа место да најде засолниште од екстремистите од различни фракции, вклучувајќи ја и Исламската држава.

Дејли мејл објави дека мајката на Худеа со неа и со нејзините браќа и сестра се упатила кон југот на Сирија, затоа што џихадистите стигнале многу блиску до кампот за бегалци. Меѓутоа, наместо да пронајдат засолниште, ги киднапирале членови на Нусра фронтот, блиски до Ал Каеда, па судбината на девојчето е непозната.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега