Ристовски: Протоколи за унифициран пристап кон децата без родители

 

Денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски ги промовираше протоколите за постапување меѓу Центрите за социјална работа и Здружението на граѓани СОС Детско село Македонија.

- Поаѓајќи од заложбата за континуирано унапредување на квалитетот на грижата за децата без родители и родителска грижа и потребата за јасно прецизирње на улогата на секој учесник во заштитата, сметавме дека има потреба од изработка на едни вакви Протоколи. Со нив поблиску ги дефиниравме и ги определивме процедурите за постапување меѓу надлежните инстититуции, рече Ристовски на денешната прес-конференција.

Ристовски информира дека основните принципи на кои се темели протоколот се најдобриот интерес на детето, правото на детето на живот, опстанок и развој, право на детето на семејство, право на информираност на детето за сите состојби и дејствија кои го засегаат...

Програмскиот директор на СОС Детско село Марио Јанчев истакна дека Протоколот претставува потврда за практикување и унапредување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и јавните установи за социјална заштита.

 

најчитано сега