Проектот „Македонија вработува“ во реализација за еден месец
Проектот „Македонија вработува“ кој Владата вчера го промовираше, е уште еден од низата на проекти за намалување на невработеноста во државата, креирање на нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните. Истиот ќе почне да се применува за еден месец, а потенцијални корисници на оваа мерка се над 150 илјади граѓани.
- Стратешка определба на Владата на РМ е политиката за зголемувањето на вработеноста. Борбата за секое работно место е приоритет во владините политики. Владата тоа го покажала со разни мерки, проекти и политики, кои сме ги реализирале досега и кои резултирале со над 130 илјади нови работни места, истакна владиниот портпарол Александар Георгиев во Вестите на Канал 5.
Овој проект според него ќе донесе многу позитивни моменти и за граѓаните и за целокупниот државно- економски развој.
-Широка палета на целни групи се опфатени со овој проект- младите лица до 35 години, лицата кои се од 35 до 50 годишна возраст, а кои во изминативе дестеина години имале потешкотии со наоѓањето на работа, потоа лицата над 50 години, како и оние над 58 годишна возраст кои го изгубиле работното место во периодот на транзицијата и приватизацијата и кои потешко наоѓаат можности за вработување на пазарот на труд, а опфатени се и лицата кои се наоѓаат во социјален ризик, додаде Георгиев.
Бенефит од овој проект ќе имаат и работодавачите.
-Голем дел од оние трошоци по однос на плата, ќе го покрива државата. Работодавачите се сериозно мотивирани да ја користат оваа мерка и веруваме дека ќе ја искористат на најпозитивен начин за да обезбедат проширување на своите капацитети и производството, потенцираше владиниот портпарол.
Во видеото погледнете го целиот разговор.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа