Следниот месец ќе има дури два продолжени викенди - погледнете го распоредот на празниците

 

Мај ќе биде прекрасен месец за оние кои не пропуштаат да го искористат секој продолжен викенд и да заминат некаде на одмор. Наредниот месец ќе ни донесе дури два продолжени викенди. Празниците така се наместија што ќе можеме да уживаме и на почетокот но и на крајот на месецот. 
Овој Први мај ќе не врати во времето кога за овој празник имаше серија слободни денови. Се паѓа во петок, што значи дека ќе одмараме и во сабота и во недела и ќе биде одлична можност да заминете на еден продлолжен викенд во некое од македонските излетнички места. 
Следниот празник е 24 април, односно Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј. Иако се паѓа во недела, согласно Законот за државни празници, слободниот ден ќе се префрли во понеделник. Тоа значи дека слободни денови ќе ни бидат сабота, недела и понедленик. Наш предлог е да го посетите прекрасниот Охрид. Времето кое се надеваме на крајот од мај ќе биде прекрасно може нема да ви дозволи да заминете на плажа, но Охрид секогаш има што да понуди. 
Се разбира, да не го заборавиме и супер-продолжениот викенд кој ни доаѓа по наредната недела за велигденските празници, кој може да го сметаме и како мини одмор, бидјеќи на работа нема да мора да одиме дури 4 дена. Слободен е Велики Петок на 10 април, потоа слободни се и деновите за викендот, односно Велика сабота, 11 април и денот Велигден 12 април. На работа нема да мора да се оди ниту во понеделник на 13 април, Првиот ден Велигден. Уживајте

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега