Унија на средношколци: Протестите беа со политичка позадина, МОН прифати математиката да не е задолжителен предмет
Унијата на средношколци на Македонија, следејќи ги актуелните случувања во врска со протестите на средношколците, иницирани и поттикнати од неформална и нелегитимна организација без било каков кредибилитет, а со политичка позадина, констатира класична манипулација и злоупотреба на наши пријатели и соученици заради остварување на политички цели и интереси. Ова го истакна Тамара Василева, претставник на Унијата на средношколци.
-За жал, вчера дел од средношколците со автобуси беа носени во главниот град за да излезат наводно незадоволство од лошите образовни политики, но со главно барање математиката да не биде задолжителен предмет на матура, а тоа е нешто што ние, Унијата на средношколци на Македонија, како единствен и официјален претставник на сите средношколци го договоривме со надлежното министерство. Матурантите и натаму ќе имаат право на избор при полагање на државната матура и тоа повторно потенцираме дека е заеднички успех на сите нас, успех на сите средношколци, рече Василева.
Унијата на средношколци вчерашните протести ги нарече политички и упатија апел до своите соученици.
-Не наседнувајте на манипулации затоа што за неодење на настава, бојкот на образовниот процес, небезбедно патување со автобуси без знаење и без дозвола на родителите последиците ќе ги сносите директно вие, а не оние кои се кријат зад вас. А на нив им порачуваме- Тргнете ги рацете од средношколците, за политика нема место во нашите училници, велат од Унијата на средношколци.
Претставниците на Унијата достави преставки до Народниот правобранител и Меѓаши од каде очекуваат осуда и превземање на конкретни постапки за разрешување и недозволување ситуациите како вчерашната да се повторуваат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа