ФОТО: Две рачни бомби пронајдени во Тетово

 

Четириесет и пет годишен тетовчанец денеска околу пладне пријавил дека на депонијата лоцирана на улица „Маршал Тито“, во непосредна близина на силосите на „Жито Полог“ во Тетово пронашол рачни бомби. Тој пријавил дека пронашол две рачни бомби и една рамка за автоматско оружје, во која имало 30 куршуми, калибар 7,62 милиметри .

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници на СВР Тетово, пронајдените бомби и муниција се фотодокументирани, а потоа се подигнати и соодветно транспортирани за вештачење од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 15:43
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега