Драма на Преспанско Езеро: Со часови спасувале брачен пар од разбеснетите води

 

Вистинска драма се одвивала вчера на Преспанското Езеро. Час и половина му биле потребни на рибарот Абди Селимовски во попладневните часови од разбеснетите води на езерото да ја спаси брачната двојка од Данска - 59 годишниот Ромет Бучер и неговата 60 годишна сопруга Анке Распрајт кои се наоѓале во чамец, а животот им бил во опасност.

Околу 18 часот на Селимовски телефонски му се јавил концесионерот на  езерото Науме Ставревски, кој го известил дека во водите има чамец во кој се наоѓаат двајца туристи на кои животот им е во опасност поради силниот ветар кој беснеел и правел проблеми на брачната двојка.

Брачниот пар од Данска, имал искуство со води, но тоа не било доволно да се справи со големите бранови и ветерот.

- Сакавме да уживаме во убавините на ова езерото. Со мојот сопруг, и покрај укажувањата на сопствениците да не влегуваме, се фативме за веслата. Не очекувавме дека ветерот ќе стане толку силен. Не можевме да се справиме со големите бранови, па легнавме во чамецот и се препуштивме на судбината. За среќа се појави Абди кој со своето знаење и храброст ни ги спаси животите. Цел живот ќе му бидеме благодарни. Кога би имало повеќе вакви луѓе, вели Анке, пренесе МИА.
 
Инаку, ова е втора година по ред брачниот пар да ужива на одмор во Отешево.
 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега