Ново олеснување: Почнува проектот „Наш специјалист“

 

Министерот Тодоров денеска го најави почетокот на имплементацијата на  новиот проект „Наш специјалист“ кој има за цел да го намали проблемот од недостаток на доктори-специјалисти во одредени региони во Македонија.

- Проектот го воведуваме како резултат на новите измени на Законот за здравствена заштита во кое предвидовме Министерството за здравство со патен налог може да упати доктор специјалист од една до друга здравствена установа од 3-5 дена со цел премостување на проблемите кои се јавуваат во здравствениот систем како резултат на недостаток на определени специјалисти во определени подрачја во државата, подвлече Тодоров.

Целта е до јуни 2016 година  за 50% да се намали патувањето кон болниците или клиниките за конкретни специјалности со што ќе се намали времето на чекање во овие здравствени установи. Со тоа сериозно ќе се зголеми и квалитетот на здравствената услуга затоа што докторите нема да мораат да прегледуваат по 40, 50 а во некои градови дури и до 60 пациенти во текот на еден ден.

-  Проектот го започнуваме во Берово и Валандово. Во Берово е констатирано е дека има голем број на упатувања во две специјалности: ортопедија и неврологија. Затоа одлучивме во Берово секоја сабота од 8-15 и 30 часот да упатуваме ортопед кој што ќе ги прегледуваат пациентите кои имаат потреба од ваков тип на здравствени услуги. Во изминатиот период имало 2262 упати кон специјалист ортопед кои не можеле да се реализираат во градот бидејќи специјалистичко консултативна амбуланта од областа на ортопедијата, додаде Тодоров.

Докторите ќе бидат упатувани од здравствени установи каде што има доволен број на доктори, и каде што времето за чекање не е големо. Во Валандово и во Берово ќе бидат упатени специјалисти од Клиниките во Скопје, а не е исклучено во наредните градови да бидат испратени специјалисти од други градови.

Министерот посочи дека проектот наишол на интерес кај докторите кои доброволно се пријавиле да бидат дел од проектот „Наш специјалист“. 

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега