Целта на Заев е да предизвика криза како таа во 2001 за да има експертска влада

 

Александар Пандов смета дека крајната цел на објавите од опозицијата е да се испровоцира меѓунационална или меѓуграѓанска војна како таа од 2001. Тој за време на неговото гостување во вестите на Канал 5, посочи дека целта е повторување на 2001 година и создавање техничка или експертска влада.

- Целта на овие објави е сето она што го видовме во 2001. година. Да се испровоцира или создаде меѓуграѓанска војна . За подоцна да дојдат некои од страна да не помируваат и би се направила повторно она што го бараат техничка или експертска влада, рече Пандов.

Тој смета дека се е идентично како во 2001 година, потенцирајќи дека е исто и сценариото и актерите.

- Која е целта на сево ова, кој го направил сево ова, што е потребата од сево ова. Се сеќавате дека во 2001 година сето ова и актерите беа исти се е идентично. И како заврши таа 2001 година, изгинаа 80 Македонци, изгинаа за џабе за некој да направи експертска влада, да влезат и во 2002 година да ја освојат власта. Токму тоа се случи, и тоа повторно е исто сега, го имаме истото сценарио со сериозна медиумска поддршка од СОРОС, којшто во оваа сецнарио сега, оваа година, гледаме дека и финансиски, змислите човек којшто работи во таа управа каде што се се вршело прислушкувањето, платиле 200 илјади евра, и зошто го платиле тоа, потенциреше Пандов.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега