Тодоров: Бесплатни гинеколошки прегледи во првата мобилна амбуланта
Денеска во Министерството за здравство беше промовирана првата мобилна гинеколошка амбуланта.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, истакна дека жените од тешко достапните рурални места ќе може да направат бесплатен пап тест, основен гинеколошки преглед, сите типови на ехо и да добијат совет за било каков проблем или инфекција во оваа гинеколошка амбуланта.
-Сериозно се инвестира на овој начин во превенцијата, бидејќи жените од руралните средини не прават често гинеколошки прегледи, по што можеби добиваат потешки дијагнози, што понатаму дополнително финансиски ги оптоваруваат, а дел од нив завршуваат и со фатални последици, посочи Тодоров.
Во првата фаза, гинеколошкото комбе, односно мобилната гинеколошка амбуланта, ќе биде во шест општини: Гостивар, Куманово, Тетово, Делчево, Охрид и Струмица.