Жена се фрли од карпите на Канео во Охрид

Средовчена жена попладнево се обидела да се самоубие фрлајќи се од карпите кај Канео во Охрид. Како што пренесуваат локалните охридски медиуми, жената скокнала во водите на Охридското Езеро, но за среќа, долу имало луѓе во кајќиња кои веднаш ја извадиле. Според објавените информации, таа веднаш била префрлена во болница но нема информација за нејзината состојба.
Информацијата се уште нема официјална потврда од полицијата.

најчитано сега