Претседателот Иванов во дводневна посета на Албанија

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од неговата сопруга Маја Иванова, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија каде ќе има средби со својот албански колега Бујар Нишани, албанскиот премиер Еди Рама и со претседателот на албанското Собрание, Илир Мета, како и со градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша.

Во рамки на посетата претседателот Иванов во текот на утрешниот ден ќе ја посети Општина Пустец, каде што ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Во состав на македонската делегација е и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

 

 

Оцени ја веста

02.04.2015 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега